Сегед: Признаваме, ја „утнавме“ работата

ПИК Сегед го запиша четвртиот пораз од четири одиграни натпревари во новава сезона од Лигата на шампионите. Овој тешко го поднесоа.



ПИК Сегед запиша пораз со рекорден број на примени голови на домашен терен. Данскиот Алборг се прошета низ нивната сала, особено во вториот дел кога од 17-15 стигна до 41-29. 
Поразот тешко го поднесоа во редовите на унгарскиот првак, особено ако се земе предвид дека ова им е четвртиот пораз од четири одиграни натпревари во ЛШ сезонава. 

Клубот денеска објави писмено извинување:
„Се извинуваме! Овој перформанс, овој резултат што го постигнавме во четвртокот не е достоен за ПИК Сегед, за синиот дрес што го носиме недела по недела. 
Не можеме и не треба да објаснуваме. Направивме голема грешка.
Свесни сме дека ова веќе не можеме да си го дозволуваме. Нашите фанови не го заслужуваат ова. Нив им должиме само благодараност затоа што беа со тимот дури и во ваква ситуација.

Извинувањето е потпишано од сите ракометари, членови на стручниот тим, управата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk