Преглед: Стојановиќ во Катар, Колстад настрада од новото правило

Селекторот на македонската кадетска репрезентација Раде Стојановиќ има нов клупски ангажман. Тој е нов тенер на екипата на Катар Спорт Клуб од Доха. 



Норвешкиот клуб Колстад е првиот тим што „настрада“ од новото правило. Норвежаните во квалификациите за Европската лига играа со Бидасоа од Шпанија. На гости загубија со три гола, дома победија со три и имаа повеќе постигнати голови на гостински терен. Но, тоа правило веќе не постои, па бидејќи вкупниот резултат на двата меч беше нерешен се шутираа пенали. Бидасоа се пласираш во групната фаза. 

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ќе ги дознае противниците за групната фаза на Европската лига. Битолчаните се единствениот македонски клуб што ќе ја претставува Македонија зимава во Европа, откако Вардар беше исфрлен од ЛШ, а Е. Пелистер 2 и Бутел Скопје беа елиминирани од Алпла Хард од Австрија. 

На трите одиграни натпревари во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати:
Динамо Букурешт - Порто 32-27 (13-12)
Никола Митревски 10 одбрани
Целје - Нант   24-35 (14-20)
ГОГ - Веспрем  30-31 (14-16)

Милан Милиќ, ракометарот што две сезони беше трениран во Нант да биде замена за Кирил Лазаров, заврши во Војводина. Тој на почетокот на сезоната го напушти Нант и се пресели во Загреб, но замина и од тој клуб и заедно со некогашниот вардаров играч Грегор Оцвирк се нови засилувања за Војводина. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk