Нора Морк неизвесна за ЕП

Најпознатата норвешка ракометарка, Нора Морк, не го доигра контролниот турнир во Данска. Беше вратена во Норвешка на лекување. 



Нора Морк настапи на првиот меч на Златната лига, против Швајцарија. Постигна три гола во лесната победа, но се пожали на повреда. Норвешкиот тим реши да не ризикува и таа не го доигра турнирот туку беше пратена назад во Норвешка на прегледи и терапии. 

Норвешките медиуми велат дека шансите Морк да игра на ЕП 2022 се големи. Но, прво мора да го мине процесот што го има замислено нивниот докторски тим. Имајќи ја предвид нејзината историја со повреди, мора да се остави простор и за онаа другата, непосакувана варијанта. 

Составот на Норвешка за ЕП ќе биде претставен официјално на 11 октовмри. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk