Алкалоид преку Струга чекор поблиску до Плеј оф

АЛКАЛОИД - СТРУГА   36-29 (17-13)
Сала: Борис Трајковски во Скопје. Судии. Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Драган Начевски. 
Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски 1, Маркоски 1, Стојков 4, Младеновиќ 2, Серафимов 9, Стојковиќ 3, Митев 2, Ѓоргиев 2, Иваноски 1, Симоноски 4, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 5, Тодески 2
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин. 
Струга: Тутенкоски, Маркоси 5, Савески 1, Блажески 2, Лазаревиќ, Јанкуловски, Ферукоски 3, Дуноски, Ашталкоски, Ѓуровиќ 5, Стрезоски, Маркоски 2, Костоски 3, Цветаноски 8, Рикановиќ, Нацев 
Седмерци: - Исклучувања: 14 мин.



Алкалоид ја запиша четвртата првенствена победа и направи чекор напред кон пласманот во суперлигашкиот Плеј оф. Денеска, на последниот меч од петтото коло од групата „А“ во Скопје гостуваше екипата на Струга, еден од кандидатите за место Плеј оф. 

Алкалоид мечот го почна фуриозно. Одличната одбрана му овозможи да постигнува лесни голови и набрзина, поведе со 5-1 по само пет минути игра. Но, во продолжението почна и промашува од чисти позиции, па гостинскиот состав се стабилизираше и намали на 3-5. 
Алкалоид набрзина врати солидна разлика, поведе 8-4, 10-5 по што се олабави играта, а на полувреме резултатот беше 17-13. 

Уште еден бран брзи напади и добра одбрана му донесоа на скопскиот состав водство од 22-14, односно уште една серија од 5-1. Потоа се воспостави рамнотежа, а на десетина минути до крајот, Алкалоид поведе и со 10 гола разлика (34-24). 
Во последните минути од натпреварот, струшката екипа успеа да го ублажи поразот и да намали на конечни 36-29. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk