Преглед: Дуел со Норвешка, Охрид си го одржа зборот, резултати ...

Женската сениорска репрезентација на Македонија одигра втор контролен натпревар со Норвешка „Б“, во Скопје. На овој натпревар победија Норвежанките со резултат 37-27 (16-14). 

Најсилниот норвешки состав, пак, учествува на турнирот „Златна Лига“ во Данска. Тие ја совладаа Холандија, противникот на Македонија во првиот дел од ЕП со убедливи 27-19. На истиот турнир, Данска славеше над Швајцарија 38-25. 



Во Македонија се играше редовно коло во машката Супер лига. Охрид си го одржа зборот и му пружи силен отпор на шампионот Вардар, иако бодовите заминаа за Скопје. Постигнати се следниве резултати:
ОХРИД - ВАРДАР  22-27 (12-13)

РАДОВИШ - ГОЛДЕН АРТ   22-23 (8-11)
БУТЕЛ СКОПЈЕ - КУМАНОВО   31-28 (16-14)
ЈУНИОР К. ВОДА - Е. ПЕЛИСТЕР 25-38 (9-18)
ПРИЛЕП - ВАРДАР (Н)   22-18 (7-5)

Женската репрезентација на Романија е победник на турнирот Трофеј Карпати. Тие во последното коло ја совладаа селекцијата на Шпанија 25-23 (10-8). На истиот турнир, Србија беше подобра од Австрија, 30-29. 

Флензбург го совлада шампионот Магдебург (35-34), а посебна причина да слави имаше голманот Кевин Мелер кој потпиша нов договор со клубот и останува уште најмалку пет сезони во Флензбург, до 2027! 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk