Преглед: Список на Лазаров, најава за дерби, контролни натпревари

Кирил Лазаров, селекторот на македонската сениорска репрезентација го објави поширокиот список на ракометари од кој ќе селектира тим за првите два натпревари од квалификациите за ЕП 2024. 
Списокот на ракометари можете да го погледнете со клик - овде. 



Тренерот на Охрид, Горан Андоновски го најави денешното дерби со Вардар.
„Нашите навивачи се подобри и од Чкембари и од Комити“, рече на прес конференцијата. 

Дерби меч ќе се игра и во Кавадарци, гостува Тинекс Пролет.
„Ова е натпревар што ќе ни покаже по кој правец ќе треба да продолжиме да се движиме“, изјави тренерот на ГРК Тиквеш, Данило Брестовац.

Противникот на Македонија во првата рунда на ЕП 2022, женската репрезентација на Романија ја совлада Србија 26-20, а Шпанија беше подобра од Австрија 32-27 во второто коло на турнирот „Трофеј Карпати“. 

Стартуваше СЕХА Исток. На премиерниот натпревар, екипата на Чеховски медведи беше подобра од белоруската екипа СКА Минск (34-26).

Францускиот шампион ПСЖ објави дека потпишал нов тригодишен договор со Матју Гребил. Тој останува верен на клубот до 2025 година. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk