ПСЖ продолжи со еден репрезентативец

Во сенка на најголемото прашање, дали Никола Карабатиќ во јуни ќе добие нов договор или ќе ја заврши кариерата, ПСЖ се пофали дека продолжиле договор со уште еден репрезентативец на Франција. 



Матју Гребил (30) ракометарот кој со 198 сантиметри висина беше прекомандуван од лев бек на лево крило ја продолжи верноста кон ПСЖ за уште три сезони и ќе остане верен на клубот до 2025 година. 

Гребил играше во Монпеље цели 10 сезони (од 2010) беше многу перспективен лев бек што го имаат почувствувано и македонски екипи, но често и беше повредуван и малку по малку неговата улога во клубот и репрезентацијата се промени и се почесто беше поставуван на позиција лево крило. 

Во 2020 пристигна во ПСЖ кој ги собира француските репрезентативци и таленти и минативе две сезони се покажа доволно добар за да добие нов договор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk