Лазаров одбра играчи за старт на квалификациите

Машката репрезентација на Македонија за десетина дена ги почнува квалификациите за пласман на ЕП 2024. Кирил Лазаров денеска го соопшти списокот на ракометари со кои Македонија ќе ги почне битките за пласман на ЕП. 



Новата сениорска репрезентација на Македонија, во која за прв пат нема да играат Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Столе Стоилов, патот кон ЕП 2024 ќе го почне од Скопје на 12 октовмри со дуел со Луксембург. Четири дена подоцна ќе гостува во Ван, Турција каде што ќе го одигра вториот квалификациски меч и со тоа ќе го комплетира првиот од трите циклуси од квалификациите. 
До крајот ќе играме уште два меча со Португалија и возвратните средби со Луксембург и Турција. 
Од овие четири репрезентации, две ќе се пласираат на ЕП, а и третата ќе има можност преку системот најдобротретопласиран тим од каде четири од вкупно осум третопласирани екипи ќе одат на ЕП. 

Денешниот список на Лазаров е поширок и од него ќе се бираат играчите што ќе играат со Луксембург и што ќе патуваат во Турија. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk