Охрид спремен за дерби: Имаме жар во очите, не се плашиме од никого

Охрид се спрема за дерби со Вардар. Гостува големо име, фаворит во секој случај. Но, тренерот на охриѓани верува дека неговиот тим има шанса. 
Денеска беше одржана прес конференција на која тренерското дуо го најави натпреварот.



„Ќе наметнеме едно жестоко темпо и во напад и во одбрана. Во текот на сите 60 минути и да водиме и да губиме, тоа ќе биде жестоко темпо. Фанатачна игра во одбрана би ни дала шанса. Играме против Вардар, сепак. Моите амбиции се поклопуваат со тие на играчите. Не се плашат од никого, им гледам жар во очите. Одиме да се надигруваме, како ќе биде ќе покаже резултатот. Очекувам поддршка од трибините нашите навивачи кои знаат ракомет и можат да направат подобра атмосфера и од Чкембари и од Комити, сигурен сум тоа го имам почувствувано на своја кожа на натпревари со Струга, со Пелистер, со Вардар“, изјави тренерот на Охрид, Горан Андоновски. 

Натпреварот ќе се игра во сабота, 19:30 во салата „Билјанини Извори“. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk