Супер лига: Т. Пролет оди на дерби во Кавадарци

Викендов ќе се играат натпреварите од петтото коло од машката Супер лига - есенски дел. На распоредот се осум првенствени натпревари, на едно коло до првата пауза во шампионатот. 



Интересни натпревари ќе се играат во повеќе градови. Битката за место во Плеј оф одамна е почната, но паралелно се води и битка за подобри позиции и меѓу екипите што најверојатно ќе завршат во Плеј аут. 
Годинава според системот на натпреварување, две екипи треба да испаднат од првенството и да се преселат во Прва лига, а кога ќе дојдат најважните битки секој бод може да биде пресуден. Затоа и стартната позиција и бодовите што се освојуваат на база на пласман на табелата не се занемарливи

Дербито на колото во групата „Б“ ќе се игра во Кавадарци каде што гостува екипата на Тинекс Пролет. Скопскиот тим има подобра позиција на табелата, но има и еден резултатски „кикс“ во Радовиш, па дуелот во Кавадарци им е еден од поважните за целата оваа есенска полусезона. Новиот формат по кој се игра им оди во прилог во остварувањето на првичните амбиции, пласман во Плеј оф и засега се на добар пат. Новите играчи добро се вклопуваат, голманското дуо функционира добро, но вистинскиот тест ќе го имаат утре. 
Сосема истите ззборови можеме да ги искористигме и кога зборуваме за екипата на ГРК Тиквеш кои имаа лош меч во првото коло, но потоа ги добија сите три средби. Данило Брестовац полека става свој печат на играта, но допрва ќе треба да фатат вистински правец. 

„Ова е натпревар што ќе ни ја даде вистинската насока во која ќе треба да се движиме. Ќе добиеме одговор и на прашањето дали имаме конкурентен тим за поголеми дострели и повисок пласман", изјави тренерот на домашниот состав Данило Брестовац во најавата за дербито. 











 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk