Ѓоргиевска и Дукоска неизвесни за ЕП

Селекторот на женската репрезентација, Љубомир Савевски денеска откри дека две ракометарки се неизвесни за настап на претстјното ЕП. 
Едната од нив е најускусната ракометарка во тимот, десниот бек Елена Ѓоргиевска.



Настапот на Елена Ѓоргиевска и Теодора Дукоска на ЕП е сериозно доведен во прашање откако двете ракометарки заработија повреди. 
Најискусната во нашите редови, Елена Ѓоргиевска има проблем со рамото, Дукоска фрактура на коска на стапалото. 

„Повредата на Ѓоргиевска е незгодна, а знаците не се охрабрувачки. Ќе чекаме уште 15 дена, тогаш ќе с снима со магнетна резонанца и ќе има нови прегледи, но придордата на повредата е таква да шансите за нејзин настап на ЕП се мали. Како и да е, ќе чекаме и доколку постои и најмала шанса, ние би ја чекале“, изјави Савевски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk