Црногорски пивот во Металург

ЖРК Металург доведе странско засилување во своите редови како замена за пивотот Александра Коловска која продолжува во странство.



Цроногорската ракометарка Итана Лабовиќ потпиша едногодишен договор со екипата на ЖРК Металург. Таа доаѓа од редовите на екипата на Феникс Подгорица, има 21 година и ќе ја пополни празнината направена по заминувањето на Александа Коловска во тимот на Јувента Михаловце.

ЖРК Металург годинава е конкурентен за освојување на еден од двата пехари, а на почетокот на октомври ќе настапи и во Европскиот Куп. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk