Mакедонија во ЛШ и по 2 години!

Европската ракометна федерација го објави ранкингот за следната сезона за Лигата на шампионите. Македонија има загарантирано место затоа што се наоѓа на осмото место на табелата, а девет екипи обезбедуваат директен пласман. 
Но, што ќе се случува во иднина, веќе од сезоната 2024/25 кога ќе се пресметува и сегашната сезона, а Македонија годинава нема претставник и ќе има нула во пресметките. 




ЕХФ ги одвои Лигата на шампионите, Европската лига и Европскиот Куп во три различни рангирања, патем и објави како се бодуваат екипите во овој систем на рангирање. 
Тоа значи дека веќе нема потреба да чекаме ЕХФ да го објави ранкингот, туку можеме сами да пресметаме. Пресметката е неофицијална, имајќи предвид дека можеби нема комплетно да се поклопиме со ЕХФ, затоа што секогаш има место и за прашање и поинакво толкување. 

Се сметаат последните три сезони, со тоа што актуелната не влегува во оваа пресметка. Така за сезоната 2024/25 ќе е земаат предвид резултатите во ЛШ за сезоните 2022/23, 2021/22 и 20221/20 Имајќи предвид дека сезонава немаме претставник во ЛШ и кога ќе се прави конечниот ранкинг за сезоната 2024/25 ќе имаме нула во пресметките за тековнава, можеме да преметаме според формулата на ЕХФ колку бода ќе има Македонија. 

Македонија која во моментов има 80,00 бода, за таа сезона ќе има 68.00 бодови. Но, место во Лигата на шампионите (најверојано) нема да загубиме. 
Според ранкигот на другите држави, опасност да не истиснат на 10 место има од Словенија, Романија и Норвешка. Хрватска со оглед на резултатите на ППД Загреб нема да може да надополни, Белорусија, Украина и Русија немаат претставници, а и Шведска е далеку со освоените бодови. 

На оваа табела сигурно ќе не мине Норвешка. Елверум три сезони игра ЛШ и според бодовите тие веќе се пред нас. 
Но, Словенија и Романија нема да можат да не минат. И едните и другите имаат сезона со „нула“ бодови, затоа што немаа учесник во ЛШ, а резултатите на Вардар се подобри од тие на Целје и Динамо Букурешт во сезоните во кои имаа дури и кога ќе се пресмета сегашнава сезона.
Единствено што може да ја расипе нашата математика е еден од овие клубови да стигне на пример до Фајнал фор сезонава, тогаш би собрале доволно бодови. 

Со доза на резерва со оглед на тоа дека не сме комплетно сигурни дали во формулата на ЕХФ недостасува некој „икс“, можеме да констатираме дека Македонија ќе има директно место во ЛШ и за сезоната 2024/25. 
За сезоната 2025/26, Македонија ќе го загуби дииректното место во ЛШ, затоа што веројатно и Словенија и Романија ќе не минат на табелата.
Големиот проблем е што кога еднаш ќе се загуби местото во ранкингот, враќање назад во Лигата на шампионите е можно само со добивање на вајлд карта, во спротивно единствениот пат на ранкингот е надолу на листата. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk