Кои се топ стрелците што ќе дојдат на ЕП во Скопје

Женскиот европски ракомет е во фаза во која репрезентациите веќе имаат направено промени на генерациите, „новите“ ракометарки се веќе етаблирани, но далеку се од моментот кога ќе почнат вистински да бркаат и рушат рекорди.



Во составите на репрезентациите што ќе играат на ЕП 2022, главно доминираат ракометарки кои немаат ниту 100 настапи за репрезентацијата.. грото немаат ниту по 100 гола за репрезентациите. Тука и таму има по некое име кое ќе потсети дека не толку одамна на терените доминираа некои други славни имиња, а тука и таму и меѓу нив ќе се најде понекоја жива легенда што се уште игра.

Составивме Топ 10 листа на стрелци според официјалната статистика на ЕХФ. Најдобриот стрелец ќе го гледаме во Скопје, можеби и вториот нај-стрелец доколку реши да игра. И четвртиот стрелец доаѓа во Скопје и петтиот.

ТОП 10 СТРЕЛЦИ
1. Кристина Неагу (Романија) - 894 гола
2. Александра Лакрабер (Франција) - 833 гола
3. Нора Морк (Норвешка) - 758 гола
4. Лаура Ван дер Хејден (Холандија) - 742 гола
5. Алисон Пино (Франција)- 696 гола
6. Ана Грос (Словенија) - 660 гола
7. Александрина Барбоса (Шпанија) - 657 гола
8. Натали Хегман (Шведска) - 646 гола
9. Стине Офтедал (Норвешка) - 619 гола
10. Естевана Полман (Холандија) - 563 гола



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk