Супер лига денеска со минута молчење

Суперлигашките натпревари денеска ќе се одиграат според предвидените термини. Сите натпревари ќе почнат со едноминутно молчење. 



Супер лигата денеска ќе се игра според утврдениот распоред на натпреварите. Со едноминутно молчење ќе му биде оддадена почит на Андон Бошковски - Доне, кој денеска засекогаш не напушти. 

Еден натпревар веќе се одигра. Во Скопје гостуваше екипата на Еурофарм Пелистер 2 и успеа да го совлада тимот на Голден Арт  28-20 (17-10). 
Голманот на домашната екипа, Златко Даскаловски имаше одлична партија, одбрани 20-тина удари, но битолскиот состав уште во раната фаза ја имаше резултатската контрола (10-5, 14-7, на полувреме 17-10).
Во вториот дел, битолчаните водеа од пет до седум гола разлика во текот на сите 30 минути, за на крајот да заокружат победа од 28-20. 

Мице Шилегов и Славе Јанковски беа најефикасни кај Голден Арт со по шест постигнати гола, додека во редовите на Еурофарм Пелистер 2, најефикасен играч беше Петар Атанасијевиќ со оусм гола, а пет додаде Дејан Кукуловски. 

СУПЕР ЛИГА:
Голден Арт - Е. Пелистер 2   20-28 (10-17)
17:00  Струга - Прилеп (Група „А“)
17:30  Скопје - ГРК Тиквеш (Група „Б“)
18:30  Вардар 1961 - Алкалоид (Група „А“)
18:30  Вардар (Н) - Бутел Скопје (Група „А“)
19:00  Куманово - Охрид (Група „А“)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk