IN MEMORIAM: Андон Бошковски (1974-2022)

Трагична вест го тресе македонскиот ракомет денеска. Познатиот македонски тренер Андон Бошковски - Доне, починал во текот на ноќта. 

Андон Бошковски имаше 47 години. Роден е во октомври 1974 година. Како играч, кратко настапуваше за Работнички, а потоа под патронажа на неговиот татко, Лефтер Бошковски се префрли во тренерските води.
Целиот свој живот го мина на и околу ракометниот терен. Работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш...
Последниот ангажман го имаше на Косово и беше најавено неговото враќање во Македонија.

Доне беше одличен познавач на ракометните прилики, аналитичар. Беше ведар лик, сакаше дружење, преполн со анегдоти. 
Македонскиот ракомет денеска загуби многу. 
Почивај во мир

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk