ЕП 2022: Три јазици, три култури една страст

Три култури, три јазици, една заедничка страст кон ракометот. Вака денеска беа претставени претседателите на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, претседателот на РЗ Словенија, Фрањо Бобинец и претседателот на РС Црна Гора - Петар Каписода на состанокот на претседатели на федерации во Луксембург. 




Рокомет, Ракомет и Рукомет - Словенија, Македонија и Црна Гора заеднички ќе го организираат следното Европско првенство во женска сениорска конкуренција. Ваков голем настан, јасно се најде и во агендата на состанокот на претседатели на ракометните федерации членки на ЕХФ што денеска се одржува во Луксембург. 
Тројцата претседатели имаа обраќење на состанокот, каде што изразија уверување дека ЕП ќе биде организирано на високо ниво. 

Европското првенство поради фудбалскиот шампионат во Катар е помесетено за еден месец и место во вообичаениот декември, сега ќе се игра во ноември. Почнува на 4 ноември, а ќе се игра во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица.
Во Македонија ќе се играат една група од прелиминарниот дел и една група од главната рунда. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk