Kако изгледа Аргентина? Противник на Македонија на СП 2023



Репрезентацијата на Македонија, имаше пех во ждрепката па доби вајлд карта противник (Холандија), па во улога на аутсајдер ќе настапи на мундијалот во Полска и Шведска, што нашиот тим го почнува со натпревари од прелиминарниот дел, во Краков, против Холандија, Аргентина и Норвешка. 
Претходно во квалификациите за ЕП 2024, ќе играме со Луксембург и Турција. 

Веќе имавме можност да ги видиме составите со кои Норвешка и Турција ќе ги играат првите официјални натпревари во новата сезона, а сега  е ред за ѕирнеме и преку Атлантикот, во редовите на Аргентина. 
Репрезентацијата на Аргентина ќе игра на Јужно Американските игри во Парагвај во октомври. Тоа е турнир од дека се обезбедува пласман на Пан Американските игри што ќе се одржат во 2023, а оттаму се оди на Олимписките игри во Париз.

Новиот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано, одреди список од 16 играчи, веруваме најсилниот во моментов и веројатно истиот со кој ќе игра во Краков и со Македонија. Неговиот избор, изгледа вака:
 


Ако не знаевте: Аргентина има 22 ракометари што играат во шпанската АСОБАЛ Лига.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk