Утре ќе се прошират младинските Европски првенства

Луксембург викендов ќе биде домаќин на состанок на претседателите на ракометните федерации и ЕХФ, а потоа ќе следи и Вонреден Конгрес на ЕХФ. 



Под мото „Европскиот ракомет - напред“ - Ќе се разговара за неколку области, од кои барем во моментов за нас е најинтересна темата проширување на младинските ЕХФ Еуро Првенства. 

Планирано е ЕХФ Еуро од 16 да се прошири на 24 репрезентации во младинска и кадетска конкуренција. Првите такви првенства треба да се одиграат во 2024 година, а ќе биде претставена целата платформа. Веројатно формирање и на „Б“ и „Ц“ Европски првенства. Тие досега се играа како ЕХФ Шампионати и Македонија главно учествуваше на таквите натпреварувања. 

По неколкугодишни напори и организирање на ЕХФ Шампионите, македонските репрезентации во младите категории, преку кадетските репрезентации и во машка и во женска конкуренција, годинава обезбедија пласман на ЕХФ Еуро, следствено и на СП, а со тоа им обезбедија и на своите наследници подобри позции во рангирањето. Со проширувањето, нивниот пат кон ЕП ќе биде полесен. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk