Савевски одбра за тестовите со Норвешка

Љубомир Савевски, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, селктираше 19 ракометарки за ЕХФ Неделата во која Македонија ќе одигра два натпревара со Норвешка.



Македонија и Норвешка ќе одиграат два контролни натпревари, од кои првиот што ќе се игра на 29 септември ќе биде од затворен тип. Најмоќната репрезентација во последните 20 години нема да допатува во Скопје со својот најсилен состав туку со тим сличен на тој од ЕХФ Европскиот Куп што се играше низ текот на квалификациите. 

Савевски на крајот на месецов ќе тестира една група на играчи, рековме 19, а потоа кои од нив ќе се најдат во конкуренција за настап на Европското првенство на кое сме домаќини, во ноември, ќе видиме од финалниот состав. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk