Денеска во ЛШ: Митревски против Веспрем

Денеска ќе се играат пола од натпреварите од второто коло од Лигата на шампионите. Дерби меч се игра во Порто, гостува екипата на Веспрем. 



СРЕДА, 21.09.2022
18:45  Елверум - Алборг
18:45  Целје - Кил
20:45  Порто - Веспрем
20:45  ПСЖ - Висла Плоцк

Никола Митревски и Порто имаат лош почеток на сезоната во која загубија на воведните натпревари и во ЛШ и домашните натпреварувања. Притисокот врз нив сега расте, а следниот гостин во „Драгао“ не е екипа против која кој било може да се докажува. 
Веспрем е гостинот во Порто и ја има улогата на фаворит на овој натпревар, иако нашиот голман Никола Митревски и „сино-белите“ не се без шанси и веруваме дека ќе пружат борба што ќе вреди да се гледа вечерва од 20:45. 

ПСЖ ќе игра дерби, секогаш кога игра ПСЖ е дерби, а овој пат на гости кај Раул доаѓа Хавиер Сабате со екипата на Висла, засилена со повратникот од пензија Даниел Сармиенто. Нема збор кој ќе биде фаворитот вечерва, но Висла е тим на ранг на Келце, а Келце знаеше да излезе на крај со „светците“ и кога имаа посилен состав од годинешниот. 

Во Норвешка ќе има скандинавски спектакл затоа што во Елверум гостуваат Микел Хансен, Арон Палмарсон и друштвото од скандинавски дрим тим играчи. 
Најмладиот тим во ЛШ, Целје ќе има скап гостин. Кај нив доаѓа екипата на Кил. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk