Јотиќ „аут“ со месеци, Лајпциг повика „скопски“ кадет

Покрај лошите резултати на стартот на сезоната, екипата на Лајпциг се има и големи кадровски проблеми затоа што неколку ракометари им се повредени.



Ловро Јотиќ, поранешниот бек на Е. Пелистер и на Вардар е опериран и ќе мора да мине надвор од теренот неколку месеци. Левото колено на хрватскиот бек е санирано о оперативен зафат, но рехабилитацијата ќе биде долга и ќе бара многу внимание.
Лајпциг има неколку повредени играчи, па мораше да бара замена. За Ловро Јотиќ се уште не е најдено трајно решение, а во меѓувреме во тимот од позајмица во Лудвигсхафен е вратен ракометарот што играше на кадетското Светско првенство во Скопје во 2019 - Јулиус Мејер Зиберт.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk