Мандалиниќ го носеше АЕК до победа над Олимпијакос

Во првото коло на шампионатот на Грција се сретнаа АЕК и Олимпијакос. Двата најголеми ривала за шампионскиот пехар. 



Атинските ривали АЕК и Олимпијакос, вториот во улога на бранител на шампионскиот пехар се сретнаа вечерва во првото коло од грчкиот шампионат. 
Двата тима имаат променети и засилени состави. АЕК кого имавме можност да го гледаме во Струга во тимот ги има Стипе Мандалиниќ и голманот од Белорусија Иван Мацкевич, а Олимпијакос ги доведе Вебер од Австрија и Оливие Њокас од редовите на Вардар. 

Првиот дел му припадна на АЕК (12-11), но во вториот дел, црвено-белите беа непрепознатливи, па брзо отидоа во минус, а Мандалиниќ и Мацкевич (девет одбрани само во првиот дел) го носеа АЕК кон голема победа. Стигнаа до плус четири (16-12) со почетна серија од 4-1 во вториот дел. Потоа разликата се искачи на плус пет (18-13), а натаму беше повеќе рутина до конечните 25-22. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk