Две од две и за ЖРК Вардар, победнички се вратија од Битола

Екипите на Вардар, Шампион и на Чаир се издвоија по првите две кола како единствени со максимален ефект во групата „А“ од женскиот шампионат. 



ЖРК Вардар предводен од Сара Минова (7 гола), Сара Стефановска (6) и голманката Илиќ (11 одб) го совлада со 29-23 тимот на Пелистер, како гостин во Битола. Сега црвено-црните имаат две победи, првата ја остварија исто така како гостин и тоа кај екипа што има големи амбиции - Куманово. 
Средбата во Битола беше од големо значење за јакнење на самодовербата што ќе им биде многу потребна кога во следното коло ќе го пречекаат тимот на Чаир. 

Во групата „Б“ доминира Металург кој победи на двата досега одиграни меча со идентична разлика - од 20 гола разлика. Таму главен ривал на тимот од „Автокоманда“ ќе биде екипата на Ѓ. Петров која во првото коло ја совлада прилепска Деспина со 28 гола разлика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk