Шампион го изненади Скопје и ги грабна бодовите

Со серија од 5-0 во последните минути од натпреварот, Шампион направи голем пресврт и од 20-24 стигна до победа од 25-24 на дуелот со градскиот ривал Скопје. 



Скопје и Шампион одиграа натпревар што според мотивираноста и драмата што ја понуди, го заслужува епитетот дерби. 
Скопје беше подобриот тим во првиот дел, водеше со разлика до три гола (6-3, 9-6), но гостите израмнија на 10-10, 11-11, а потоа Скопје со посилен финиш стигна во водство од 15-12. 

Во вториот дел, Скопје предводен од Попова (7) и Георгиевска (6), одново диктираш ритам и го контролираше резултатот. Шампион израмни на 16-16, но потоа следеше период во кој доминираше домашниот состав кој дојде и до плус пет 23-18, потоа беше 24-20... 
И кога за домашниот состав средбата „заврши“, за гостите тогаш почна. Во последните 10 минути. Анастасија Митова од вкупно десет, во овој период постигна четири гола, а Симона Димитриевска еден гол во големиот пресврт со кој бодовите од „Форца“ завршија на салдото на екипата на Шампион.

Сега со две победи тоа над директните ривали освоени на гостински терен, Шампион е на делба на првото место со екипата на Чаир, а може да им се приклучи и Вардар. Стартот за нив е над очекувањата, но не би рекле дека е случајност имајќи предвид колку се вложија во подготовките. 

РЕЗУЛТАТИ 2 коло
Скопје - Шампион 24-25
Гевгелија - Спартак 35-29
Чаир - Куманово   32-29

Табела: Чаир (6 бода), Шампион (6), Гевгелија (3), Вардар -1 (3), Пелистер -1 (1), Скопје (1), Куманово (0), Спартак (0)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk