Минден гледа спас во хрватски репрезентативец

Бундеслигашот Минден, неколку сезони по ред се спасува од испаѓање во последните кола. Годинава, судбината му е истата, по три кола има три порази. Сезонава, ќе се обиде да го смени текот на настаните со ангажман на хрватски репрезентативец, некогаш најголемиот талент на оваа земја. 



Лука Шебетиќ (28) десниот бек на репрезентацијата на Хрватска, каде што има за волја на вистината и променлив статус, е ракометарот што ќе се обиде да ја смени судбината на бундеслигашот Минден кој постојано се бори за опастанок. 
Лука Шебетиќ по годинит минати во ППД Загреб и Трембле, потпиша и беше под важечки договор со Мотор Запорожје, но поради познатите причини, замина од Украина. 

Минден интересено, во него гледа првенствено дефанзивец кој ќе им ги реши проблемите на десната страна, иако Шебетиќ важи и за сосема солиден напаѓач. 
Како и да е, навивачите на Минден ќе почекаат за да го видат Шебетиќ на дело, затоа што тој не е подготвен и ќе му треба извесен период да влезе во ритам. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk