Кил потврди, Скипаготу место Сагосен

Пристигнува ли новиот бран на играчи и ѕвезди што ќе ги заменат досегашните? Добиваат ли Микел Хансен, Сандер Сагосен и другите играчи што ги окупираа насловите минативе пет-десет години конкуренција на сцената?
Скипаготу, Митун, Кико и Мартим Кошта, Трастарсон, Ерик Јохансон, обрнете внимание на овие играчи, нивната авантура допрва почнува.



Кил потврди дека потпишале четиригодишен договор со Елијас Елефсен а Скипаготу од Фарските Острови. Тој уште оваа сезона ќе игра за Савехоф, а потоа ќе ја искористи клаузулата која му дозволува да го раскина договорот со Швеѓаните доколку добие понуда од некој од клубовите што се наведени во нивниот договор. 
Понуда за Скипаготу стигна од еден од најголемите клубови воопшто, Кил, а „зебрите“ се на списокот на клубови што Скипаготу ги навел во договорот. 

Елијас Елефсен а Скипаготу (20) блесна на М20 ЕХФ Еуро што се играше во Португалија и си го заработи овој договор. Слична судбина предвидуваме и на неговиот три години помлад роднина Оли Митун кој потпиша за Савехоф, но ако продолжи како досега и тој наскоро ќе оди во некое звучно име. Можеби и во Кил, нема да претераме ако кажеме дека тоа е опција.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk