Замената за Сагосен доаѓа од Фарски Острови!

Летово на површина испливаа неколку млади супер талентирани ракометари, го привлекоа вниманието, решивме да следиме што ќе се случува со нив. Не требаше долго да чекаме за да чуеме да првиот голем трансфер. 


Елијас Елефсен а Скипаготу (20) е јуниорски репрезентативец на Фарски Острови. На М20 ЕХФ Еуро ги предводеше Фарски до победи над Данска и Норвешка, постигна 29 гола, но пропушти два натпревари, клучните што Фарски без него не можеа да ги добијат. 
Како и да е Елефсен а Скипаготу го привлече вниманието не само на медиумите туку и на големите клубови и шведскиот Спортбладет пишува дека е постигнат договор и тој од 2023 година станува играч на Кил! Доаѓа на местото на Сандер Сагосен. 

Скипаготу има договор со Савехоф со 2024 година, но има и клаузула во која тој има наведено неколку големи клубови и во случај да стигне понуда од некој од нив, клубот да е должен да го ослободи. Кил е еден од нив. 

Савехоф, како и да е нема да мора многу да жали по Скипаготу кој успеа да го наговори својот роднина од Фарски, Оли Митун (17) да потпише за Савехоф. 
Оли Митун е момчето кое постигна 80 гола на 7 натпревари на М18 ЕХФ Еуро во Подгорица, додека во Португалија меѓу повозрасните колеги беше втор стрелец, зад Елијас Скипаготу. 
И подвлечено, на Фарски има уште еден централен бек што се вика Скипаготу. Тоа е Рој Елефсен а Скипагота кој постигна 21 гол во Португалија и нормално, важи за голем талент. 

И пред да почнете да се чудите како тоа Фраски Острови произведува вакви играчи, треба да го знаете податокот дека според нивната федерација, имаат околу 2.500 регистрирани ракометари, а тоа е 5% од вкупното население. 
Сигурни сме дека за Скипаготу и Митун наскоро ќе стигнат и понуди да настапат за поголемите скандинавски репрезентации. Првенствено Данска, а потоа и Шведска и Норвешка... 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk