Е. Пелистер го промовираше новиот тим

Еурофарм Пелистер го промовираше својот нов тим, опрема и ја најави проажбата на сезонските билети. 



Еурофарм Пелистер ја претстави екипата за сезоната 2022/23. Во едночасовна манифестација на екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 им се обрати претседателот Зоран Стерјев, зборуваа и седумте нови играчи, а Мирко Радовиќ доби пригоден подарок како нов клупски капитен. 

Потоа беше промовиран и Еурофарм Пелистер 2 со новиот капитен Стефан Талевски кој ќе го замени Васко Димитровски кој по 23 години минати во матичниот клуб замина во ракометна пензија. Клубот му подари дресоти го назначи на новата функција – кондиционен тренер на клубот. 

Беше одбележан и еден од најголемите успеси на клубот и македонскиот ракомет – финалето на Челинџ Купот во сезоната 2021/22. 
Клубот ги промовираше и новите дресови, кои од четврток ќе бидат пуштени во претпродажба, а од следната недела достапни ќе бидат и сезонските билети за сите натпревари во сите натпреварувања на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 и ќе чинат 4.500 денари. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk