Алкалоид со реми до трето место во Струга

Бутел Скопје, во моментов третата ракометна сила во Македонија и новиот суперлигаш Алкалоид денеска се сретнаа на меч кој одлучуваше која екипа ќе го освои третото место во групата на турнирот во Струга и утре ќе игра меч за петто место.



Бутел Скопје и Алкалоид одиграа нерешено 26-26 (13-14) а поради далеку подобрата гол разлика од дуелите со Вардар и Целје, третото место го освои тимот на Алкалоид и вечерва ќе го чека исходот од другите натпревари за да го дознае противникот за утрешниот меч. 
Бутел Скопје ќе игра со Струга за пласман на седмото место.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Алкалоид беше поинаква приказна од досегашните дуели на овие два тима во Струга. Бутел видно мотивиран, Алкалоид, пак, од друга страна имаше можност да вкуси во овие 60 минути како ќе изгледаат повеќето негови натпревари во Супер лигата. 

Стартовите одекнуваа на полупразниот стадион од првиот момент. Судиите Начевски и Николов мораа веднап да применуваат казни за да не е претвори средбата во рагби натпревар. Бутел подобро се снајде на почетокот и поведе со 4-1, а Алкалоид не можеше да фати ритам, а и голманот Цветковски, па и одбранат не можеа да фатат ритам делумно затоа што и сонцето им биеше директно во очи. 

Како и да е, Бутел кој сигурно на овој меч и сокри нешто за во првенството (играат во иста група, а недостасуваше и Младеновски) диктираше резултат, а Алкалоид бркаше. 
Стигна новиот супелигаш до 6-7, но веднаш Бутел се одлепи на 10-6, потоа одново, борба на двете страни за конечно првиот дел да заврши со водство на постариот скопски клуб од 14-13. 

Израмни Алкалоид веднаш во вториот дел, се разигра Серафимов и постигна четири гола по ред и изнуди седмерец за во 42 минута Алкалоид да поведе 18-17. 
Алкалоид водеше и 23-21 и 24-22 на шест минути до крајот пред во стил на претходните натпревари да ги врати во живот противниците. 
Бутел израмни на 24-24, потоа и на 25-25 и поведе во последната минута. 
Но, Божидар Илиески од пенал погоди за 26-26, а последниот напад заврши со слободен удар во блокот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk