Целје го симна Вардар од струшкиот трон

Целје Пивоварна Лашко лесно излезе на крај со Вардар и го симна од струшкиот трон црвено-црниот тим. 



Целје Пивоварна Лашко ќе игра во финалето на турнирот Струга. Вардар ќе игра за трето место, а попладнево Алкалоид и Бутел Скопје ќе одлучат кој од нив ќе игра за петто, а кој за седмото место.

Целје и Вадар играа меч за финале, но победникот беше решен полесно од очекувањата и на жал на домашната публика. Првиот дел беш израмнет, во еден поголем дел водеше Вардар, но Словенците си ја играа својата игра и успеаја да бидат блиску, на полувреме и нерешено.

Во вториот дел неизвесно беше само на почетокот, а потоа Целје ја презема контролата. Прво држеше дистанца на плус два, а потоа во еден момент направија серија во која голманот Бојиќ имаше видна улога и поведе со шест гола. 
Вардар во еден налет намали на минус ти, но брзо вратија Словенците, а на крајот постоеше опасност и со 10 гола разлика да го добијат овој меч. 

Ако Е. Пелстер вечерва победи со АЕК, тогаш битолчани ќе играат во финалето против Целје, а Вардар ќе игра со Татран.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk