Лазаров: Имам тим што ќе стане во три по полноќ за да тренира

Турнирот во Струга годинава доби вистинско освжување во екипата на Алкалоид. Новиот македонски суперлигаш играше со два бивши европски шампиони и иако не успеа да ги победи, секунди ги делеа од сензација. 


Кирил Лазаров ја има диригентската палка во Алакалоид сезонава. Многу посветенот, ентузијазам и нерви вложени за екипата да тргне по вистинскиот пат. Сето тоа е „благословено„ кога ќе стигне повратниот ефект и резулатите. 

„Среќен сум што сум дел од од овој проект и што сум предводник како тренер“, вели Лазаров.
„Работам со многу ентузијазам и со многу љубов. Не само за доброто на клубот, туку и за доброто на ракометот во државата. Има луѓе на кои им се допаѓа, има на кои не им се допаѓа. Јас се надевам како што ќе проаѓа времето ќе првилечеме симпатии.
Сега заега концептот е да играме со македонски играчи. Не знам што ќе донесе иднината, ако јас се прашувам, ќе гледаме што подолго да опстоиме со овој концепт, иако никогаш не се знае што носи иднината“, вели предводникот на тимот.

„Сите заедно, како Македонци треба да се бориме да имаме силна репрезентација. Клубовите се клубови, тоа е приватна работа. За да имаме квалитетна репрезентација треба да имаме вака концепирани клубови. Немам ништо против странците, но тие треба да бидат одбрани, екстра квалитетни од кои нашите играчи треба да научат.
Титула е тиула, сите ја посакуваме, но Вардар, Пелистер и сите други треба да даваат поголема шанса на македонските играчи.
Мора да имаме национален проект, каде сите ќе сме обединети и не навиваме ниту еден клуб, туку навиваме за Македонија. Кај нас најголем проблем, со години е стручната работа со младите играчи и тука мораме да посветиме многу внимание, особено во младинските лиги каде треба и многу повеќе да се работи и повеќе да се игра. 

- Струга, како прв тест за новата екипа и новата сезона...

Мислам дека нашите играчи, по Струга ќе бидат 20-30 % подобри, затоа што играме со квалитетни противници. И тоа ќе го практикуваме во иднина, да играме квалитетни турнири со квалитетни противници, по цена и да губиме, Но, само така можеме да напредуваме. 

Дисциплиниран тим спремен на жртва за да успее екипата

„Среќен сум што имам квалитетен стручен штаб. Тука е пред се Баснарков кој ми помага во текот на годината ситеда бидат спремни, за јас да можам да работам ракометно со нив.
Имам една група на играчи, среќен сум што имам една така вредна и дисциплнирана група на играчи која можеш да ја разбудиш во три по полноќ и да им  кажеш дека имаат тренинг, сите ќе станат и никој нема да праша зошто имаат тренинг во 03 по полноќ.
Тоа е голем плус и за мене и за клубот што успеавме да селектираме таква група. Имаме недостаток, ако можам така да се изразам „недостаток“ на природен талент, такви играчи што можат со потег да решат натпревар без да будат поучени од тренерот. Таков проблем, ако е воопшто проблем, го имаме и затоа повеќе работиме тимска, системска игра.
Само со добар систем можеме да направиме колектив. Го бараме лидерот или лидерите во тимот, уште немаме морален, победнички иднентитет. Некои велат победникот се раѓа, други дека се создава. Ние сме некаде на средината. Да се создаде победник е долг и тежок процес, но напорно ќе работиме. 



Искуството од целата кариера, особено од Шпанија пресликана во македонски клуб

Кога бирав тема за мастер коуч го одбрав Жорди Рибера, селекторот на Шпанија. По мене тој е најдобриот тренер за национални селекции. На времето тоа беше Лино Червар кој знаеше за кратко време да направи систем, атмосфера. Рибера е координатор, не е само селектор на сениорите. Играат едноставно, но прекрасно и ефикасно. Секогаш победува, со добро селектирана екипа, со едноставна игра.
Во Алкалоид го поставуваме тој систем. Мислам дека сме единствената екипа што сезонава ќе има пет селекции. Имаме една младинска, две кадетски и две пионерски. Создаваме нови генерации, веќе поставивме тренери за 2010 генерација. Ќе имаме 9-10 тренери што професионално ќе бидат ангажирани. Посебен акцент ќе ставиме на ракометните школи. 
Системот е поставен и ќе треба да функционира од најмалите. Пионерите да создаваат за кадетите, кадетите за младинците, младинците за вториот, вториот за првиот тим. Сакам тоа да го направиме во клубот и да бидеме позитивен пример за сите. 

Сите мора да се испотат за да не победат
Натпреварите во Струга се добри, задоволен сум. Јас им кажав и на играчите и да не победи некој - во ред, тоа се подобри екипи, со попознати играчи, со поголеми буџети, европски прваци. Но, сакам, кој било противник - да се намачи за да не победи. Не сакам да ни водат 10 разлика, па потоа да се опуштат, па ние да стигнеме на три и да речеме дека сме биле блиску. Сакам да бидеме егал, да се бориме и да им направиме многу проблеми.
Задоволен сум, можеби немаме екстра талентирана екипа, но имам многу вредна екипа. Како тренер, да ми понудат талентирана или вредна екипа, јас би одбрал вредна. Има многу таленти што не можат да се вклопат во екипа. Среќен сум што имам така дисциплинирана екипа, спремна да стане во три по полноќ и да тренира за да успее тимот. Тоа е голем плус за нас.
Ни недостига моделот на победник, но работиме напорно на тоа“, вели Лазаров. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk