Вардар и Целје во дуел за финале

Денеска се играат натпреварите од третиот ден на турнирот во Струга, а ќе биде познат и првиот финалист. 




Вардар и Целје ќе се сретнат во директна битка за финале на турнирот. Двата тима досега остварија по една лесна победа над Бутел и една тешка над Алкалоид. 
Ако средбата заврши нерешено, во финалето ќе се пласира Вардар. 

Натпревар со слично значење ќе играат и битолчани. Тие не смеат да си дозволат пораз од Татран Прешов, затоа што во тој случај, нема да се пласираат во финалето. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk