Алкалоид го намачи шампионот Вардар

Вардар - Алкалоид 24-22 (12-10)
Талески 7, Георгиевски 4 - Маркоски 4, Митев 4, Стојковиќ 4, Стојков 4



Вардар славеше победа во првото коло од „Струга 50“, но новиот суперлигаш Алаклоид му покажа заби до последните 30 секунди беше во игра за бод. 

Вардар носен на крилата на голманот Мартин Томовски и крилото Гоце Георгиевски кој постигна три гола по ред поведе со 5-2, но Алкалоид се врати во игра со двата погодока на пикерот Стојковиќ и намали на 4-5. 
Потоа Вардар уште еднаш засили, поведе 8-4 и 10-5, но Стојков и Стојковиќ одново погодија, а почна да функционира и голманот Трајкоски кој во првиот дел имаше девет интервенции. Алкалоид во тој период се одржа во игра, а потоа со 3-0 серија стигна до 10-11. 
На полувреме резултатот беше 12-10 за Вардар.
Само што почна вториот дел, по три минути и два гола на Митев и еден на Кофилоски за прв пат Алкалоид поведе 13-12, а Недановски веднаш побара тајм аут. 
По ова следеше серија од 3-0 за црвено-црните кои ја вратија резултатската контрола. но новиот суперлигаш беше резултатски блиску (14-15, 15-16). 
На 15 минути до крајот беше нерешено (18-18), а борбата се разгоруваше. 
На десет минути до крајот одново беше нерешено (19-19), а Вардар беше тимот што диктираше водство.
Малку оддишка за Вардар стигна додека Алкалоид играше со играч помалку, а тоа го казни Томовски со свјот втор погодок и поведе Вардар со 21-19. 
Намали Митев, но Стоилов брзо го врати Вардар на плус два на седум минути до крајот, а потоа Томовски успеа да одбрани и Талески тоа го казни со водство од 23-20. 
Во 58 минута Маркоски намали на 22-23,
Алкалоид беше во контра за реми, но Ѓукиќ атрактивно пресече и го одбрани водството. Потоа во последната минута Алкалоид повторно беше во напад за реми, но погреши во нападот и Вардар во последните 30 секунди ја обезбеди победата со гол на Стоилов.

На  премиерниот натпревар, екипата на Е. Пелистер со доста мака го совалда домаќинот Струга (27-23). Стружани водеа во првиот дел, но Е. Пелистер во вториот дел додаде гас и успеа да по

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk