Брестовац: И кога губевме, верувавме дека можеме

Македонските кадети од денеска се дома и уживаат во краткиот одмор што ќе го имаат пред да се вратат на обврските во клубовите. 



Пресреќни сме што го освоивме овој турнир. По два и пол месеци заедно, една убава приказна за нас, како генерација 2004/05. Бевме максимално сконцентрирани на тоа дека треба да го освоиме турнирот. Ние како генерација игравме и на турнирот во Варна, можеби таму не направивме резултат, не влеговме во полуфиналето, но на тоа се должи ова што победивме во Рига.
Можам да кажам дека сме пресреќни.
Финалето беше многу тежок натпревар, но чувството да се игра беше феноменално. Им благодарам на сите соиграчи затоа што го пружија максимумот. Со мојот колега голман Иван Галевски бевме максимално сконцентрирани не само на финалето, туку на сите натпревари. Многу добро бевме подготвени, за секој меч, Соколески ни помагаше се. Стручниот штаб правеше одлични анализи и сите имавме комплетни информации за сите, што треба да правиме. 
И кога губевм 20-22, знаевме дека можеме. Тактички бевме одлично подготвени. Нашите тренери ја чуваа за крај играта 5-1, што за мене беше клучна на натпреварот. Кога ја сменивме одбраната и почнавме да играме 5-1 постигнавме четири брзи гола, а не примивме ниту еден“, изјави ол стар голманот на турнирот, Давид Брестовац.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk