Стартува јубилејниот 50 турнир во Струга

Денеска почува 50 издание на турнирот „Струга“, најстариот турнир во Македонија и еден од најстарите односно со најмногу изданија во ракометниот свет воопшто.


Од денеска па во наредните четири дена, Струга ќе биде во центарот на ракометното внимание во Македонија и пошироко во регионот.
Почнува роденденското јубилејно издание на турнирот, 50-то по ред, на кое годинава осум екипи од Македонија и странство ќе се борат за победничкиот пехар. 

Ќе видиме четири шампиони на држави, од кои еден сезонава ќе учествува и во Лигата на шампионите. Ќе го видиме новиот Еурофарм Пелистер, ќе го видиме Кирил Лазаров на тренерско деби на клупски план со Алкалоид... 

Први на отвореното игралиште на кое веќе пет децении истрчуваат познати ракометни имиња ќе истрчаат ракометарите на домашната Струга и екипата на Еурофарм Пелистер, во 17:00 часот е закажан почетокот на овој натпревар. 
Веднаш по него, ќе го видиме македонскиот првак Вардар 1961 на дуел со новиот суперлигаш Алкалоид. Таа средба ќе почне во 19:00 часот, по што ќе биде свеченото отворање на турнирот, а потоа од 21:30 на терен ќе излезат и словенечкиот шампион Целје кој ќе игра против македонскиот Бутел Скопје. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk