Додиќ пристигна во Загреб

Поранешниот играч на Металург, а потоа на Охрид и на крајот на Вардар, Стефан Додиќ, ќе биде нов член на екипата на ППД Загреб. 


Неофицијално дознаваме дека Стефан Додиќ веќе е во Загреб, но трансферот се уште не е комплетиран затоа што недостасуваат некои документи. Во секој случај се работи за формалност што наскоро треба да биде решена. 
Клучното прашање, договорот меѓу Келце и ППД Загреб за позајмица од една година е решено и српсиот бек кој израсна во „Автокоманда“ за крајно да стане и МВП на ЕХФ Еуро има нова средина. 

ППД Загреб утре патува за Нови Сад каде што против Војводина ќе игра за пласман на „Ф4“ на СЕХА, но малку е веројатно дека и Стефан Додиќ ќе биде со нив, во улога на играч. 

Стефан Додиќ има договор со Келце, но полскиот тим реши да го прати на позајмица како што направи со неколку играчи (Халил Јагањац, Бранко Вујовиќ, Дорук Пеливан). Вардар беше првата опција, но откако беше исклучен од Лигата на шампионите, Келце се предомисли и почна да му бара друг клуб, со кој ќе игра во Европа. 
ППД Загреб се појави како идеално решение, но некако предолго траеја преговорите кои според наши неофицијални информации веќе се завршено, но целиот трансфер треба да биде официјализиран деновиве. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk