Туниски бек доаѓа во Еурофарм Пелистер!

Еурофарм Пелистер се договори за условите за трансфер на тунискиот репрезентативец Мохамед Суси (29) кој доаѓа од францускиот тим Трембле. 


Еурофарм Пелистер најде замена за хрватскиот бек Стипе Мандалиниќ. Во Битола доаѓа Мохамед Суси левиот бек на репрезентацијата на Тунис. 
Мохамед Суси е добро познат ракометар во европски и светски рамки. Покрај репрезентацијата на Тунис последните три години пред да премине во Трембле ги одигра во екипата на Монпеље. Шутер е, квалитетен во напад колку што добар и во одбрана и изгледа како профил што треба одлично да се вклопи во новиот Е. Пелистер. 

Битолчани сега на надворешната линија од странски засилувања ги имаат Мохамед Суси, Руси Сери, Вилсон Дејвис и уште еден туниски репрезентативец Осама Хосни. 
Заедничко за овој квартет е што сите доаѓаат од првенството на Франција, па комуникацијата ќе им биде доста полесна. 

Мохамед Суси би требало на екипата на и се приклучи во Струга, но не веруваме дека ќе го видиме на терен на јубилејниот турнир. Веројатно прво ќе се вклопува во тренажниот процес, а потоа ќе истрча и на терен. 


Сега би можеле да кажеме дека Е. Пелистер е комплетен, иако оставаме малку простор за нов играч на позицијата десен бек. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk