Бањање на бензинска: Кадетите направија фото за историја

Македонската кадетска репрезентација го освои М18 ЕХФ Шампионатот во Летонија и со таа победа обезбеди пласман на следното Светско првенство за кадети и следното „А“ Европско првенство за јуниори. 
По завршувањето на турнирот на кој ги собраа и најважните индивидуални награди, екипата прославуваше во хотелот, но најблиското „нешто“ од каде што можеле да купат нешто била бензинска пумпа во околината на хотелот. 

На бензинската имало и дел за автоматско перење на автомобили... па оттука можете да претпоставите како се прославила победата и зошто се сите „бањати“, а патем и направија историска фотка за својата биографија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk