На ред е тунирот Струга „50“

Традиционален предведник на новата ракометна сезона во машка конкуренција е турнирот што се одржува во Струга. 
Годинава ќе биде заокружено 50-то издание на турнирот, затоа и е зголемен бројот на екипи, ќе играат осум тима, од кои три се надвор од Македонија. 



„Многумина од нас првите ракометни чекори ги направиле во Струга, а овој турнир е од посебно значење за сите. Чест и задоволство е да се биде дел од турнирот, еден од најстарите. Се надевам дека следната година ќе биде под покровителство на претседателот на држават“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. 

„Ретко кој може да се пофали со традиција што трае 50 години. Ние, струшките ракометни работници и љубители на ракометот успеавме да го одржиме во најтешките години. Сега одбележувам 50 години и мислам дека ова ќе биде еден од најсилните турнири“, изјави Кире Јованоски, претседател на РК Струга, домаќинот на турнирот. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk