Се сретнаа Алборг и Колстад, од претседател на федерација со претседател на клуб...

Прв пат на терен се сретнаа новите скандинавски дрим-тимови данскиот Алборг и Колстад од Норвешка. На тренинг мечот во Алборг за кого не настапи Микел Хансен, но играше целиот лански тим со се Арон Палмарсон победија Данците (28-23). За норвешкиот состав, пак, играа три нови имиња - голманот Бергеруд, плејмејкерот Смарасон (5 гола) и пикерот Гилеруд (2 гола). 



Норвешкиот шампион Елверум планира дуелот со Барса од Лигата на шампионите да го игра во Лилехамер и да постави за себе нов рекорд на посетеност. Досега најмногу публика во живо имале против ПСЖ пред да почне пандемијата. Безмалку 12.400 гледачи имаше на тој меч. 

Репрезентацијата на Турција со која ќе играме во квалификациите за ЕП 2024 во октомври. игра на Исламските Солидарни Игри што се одржуваат во турскиот град Коња. Досега одигра два меча. На првата средба беше поразена од Иран 20-26 (9-11), а на вториот натпревар го совлада тимот на Азербејџан 29-19 (11-9). 

Поранешниот претседател на Ракометната Федерација на Романија, Александру Деду, ќе биде новиот претседател на клубот Корона Брашов. Таму заврши интересна битка што се водеше зад кулисите. Досегашниот претседател беше принуден да се повлече откако градоначалникот ја блокираше целата финансиска помош. А ја блокираше затоа што не се согласуваше со смената на тренерот. 
Реакциите за ангажманот на Александре Деду со една реченица може да се опишат вака:
„Ако, нека дојде да види како е да се работи во клуб“. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk