Светски првак е Кореја!

Последниот ден на мундијалот во Македонија финишираше со прогласување на Кореја за нов светски шампион. 


Ракометните вонземјани со одбележја на Кореја се новиот светски првак. Тие во одличното финале денеска ја совладаа репрезентацијата на Данска (31-27)
Уште една маестрална партија одигра корејскиот состав, ги истроши силите на моќната Данска и на крајот ја запечати победата со златен медал.

Третото место го освои Унгарија која со пресврт во последните моменти и гол од седерец на неколку секунди до крајот ја совлада селекцијата на Холандија (27-26). 

Немаше драма на мечот за петто место на кое Франција убедливо со девет гола разлика за совлада селекцијата на Шведска (31-22).

Драматично беше на дуелот за седмо место на кое по изведување на седмерци Египет беше подобар од Исланд. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk