Македонија доби нов ИХФ судиски пар

Македонија доби нова судиска двојка со значка на Светската ракометна федерација. Виктор Начевски и Даниело Божиновски станаа ИХФ судии и понатаму ќе бидат делегирани за настаните што ги организира Светската ракометна федерација. 


Македонската судиска двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски судеше на тековниот мундијал во Скопје. Одлично си ја завршија работата на терен за што бевме и сведоци деновиве, на тестовите биле 100 % точни, а физичкиот тест го истрчале максимум. 

Вчера ИХФ доделуваше сертификти и преодна оцена и ИХФ значка добија и македонските арбитри.
Сега Македонија има вкупно два судиски парови што имаат дозвола и ќе бидат делегирани на настаните што ги организира ИХФ, а тоа се Светските првенства во сите репрезентативни категории и Супер Глоуб на клупско ниво. 

Ова е џиновски чекор напред за младата судиска двојка пред која се отворија вратите за голема кариера.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk