Кадетите победија и со една нога се во полуфинале

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА 34-19 (15-10)
Македонија: Брестовац, Галевски, Михајловиќ 1, Тотиќ 2, Белистојаноски 4, Николовски, Карасманакис, Димковски 5, Петковски 10, Д. Узунчев, Т. Узунчев 6, Шулески 2, Димевски 2, А. Стојановски, Калајџиески 1, М. Стојановски 1





Македонските кадети ја совладаа Турција во првото коло од ЕХФ Шампионатот што се игра во Рига, Летонија. Имајќи предвид дека во оваа група Летонија со 37-17 славеше над Косово, Македонија со една нога веќе е во полуфиналето на турнирот. Утре играме со Косово и би требало и да го верификуваме пласманот во полуфиналето. 
Во групата со која вкрстуваме, според очекувањата Швајцарија ја декласираше Белгија и тие се наметнуваат како најсериозен ривал за првото место покрај домашниот состав. 

Вечерва, Македонија со три гола на Петковски и еден на Димковски поведе со 4-1 по десет минути игра. Турција израмни на 5-5, но потоа одново Македонија беше подобра и поведе со 10-6, а до крајот на полувремето имаше и плус седум (13-6). На одмор се замина со резултат 15-10, а резултатската дистанца Македонија ја одржуваше и во второто полувреме во кое по пет минути водеше 18-10, а во 43 минута за прв пат имаше и +10 (23-13). 
До тој момент Петковски имаше постигнато 10 (4) гола, а блиску зад него со шест гола беше Тодор Узунчев. 
По ова беше полесно да се игра, списокот на стрелци за македонскиот тим почна да се збогатува со се повеќе имиња, а предноста да расте, па во 52 минута имавме плус 15 (31-16). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk