Савевски: Ова е екипа на борци, има потенцијал за сениорскиот тим

Македонија, Светското првенство го заврши на 12 место. Генерацијата која досега имала најголеми бенефиции за развој не е на крајот, туку на почетокот на своето патување. Им следува ЕХФ Еуро следната година, а по две години ќе играат на ново Светско првенство. 
И тоа Светско првенство ќе се одржи во Македонија, па ќе имаме можност уште еднаш да ги видиме сиве овие репрезентации уште еднаш. 


Селекторот по последниот меч, резимираше, од прва, без проспиена ноќ...

 „Хрватска одигра многу подобро од последниот меч. Можеби ние дозволивме такво нешто, затоа што игравме лошо во одбраната. Но, во вториот дел се вративме. Можеби доцна, ама јас сум задоволен затоа што од минус од четиринаесет гола дојдовме на минус три, можеше да биде и минус два, а тоа покажува дека можеме да напредуваме“

 „Ние сме 50 дена заедно, се потрошивме и уште претходно реков дека ја сносам одговорноста за овој настап. Имавме голема желба да влеземе меѓу најдобрите осум, толку блиску беше да го направиме тоа.
Шанса им дадов на оние девојки кои во Литванија беа најдобри и мислев дека можеме да издржиме, ама на крајот се покажа дека тоа не е така.
Немавме среќа во одреден момент, имавме напади за изедначување во клучниот меч со Исланд, не го направиме тоа и оттогаш падна екипата.
Мечот со Германија беше нереална слика, иако се работи за фантастична репрезентација. Немавме сили да играме со нив. Едноставно, бевме потрошени.
Играчите плачеа без престан по тој меч со Исланд. Тие се мои борци, направија голем успех, претходно не немаше никаде на картата.
Во Литванија победивме со Полска, Исланд, Финска... такви репрезентации кои беа добри и одат напред. Менталниот склоп на оваа екипа е многу јак, но ни требаат уште три до четири играчи за замена и мислам дека оваа генерација ќе напредува.
Имаме едно Европско првенство и едно Светско првенство тука во 2024 година. Ако се променат некои работи, може да се надеваме на добар пласман“

„Имаше критики дека давам шанса на млади играчи во сениорскиот тим, кај мене нема млади и стари, туку добри и лоши. Песимистичка прогноза е дека четири, а оптимистичка шест играчи од овој тим ќе бидат меѓу сениорите на претстојното ЕП во Скопје.
Имаме тешки противници во групата, нема што да изгубиме и ќе се обидеме да направиме една екипа за следните десет до петнаесет години“

Малку бев разочаран на првиот тест, 70% од ракометарките имаа катастрофален тест. Ние имавме еден тест во кој се гледаат физичките способности, беше на крај на сезоната. Немаме силни првенства, полесно се тренира, нема ривалитет.
Работевме многу повеќе на подготовките заедно, немаше да може да се издржи 60 минути ако ги немавме тие подготовки. Ама имаме уште многу за работа, за оваа екипа која ја имаме сега, ни требат уште четири до шест играчи за да имаме комплетна екипа. Ако ги видовте Шведска, Исланд, Германија... и нивниот изглед, високи бекови, пивоти високи, подвижни... ние сме мала земја, се трудиме да направиме нешто помеѓу. Ако направиме нешто тоа, барем помеѓу, тоа ќе биде голема работа за нас“


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk