Пораз па битка за 11 место со Хрватска

МАКЕДОНИЈА - ГЕРМАНИЈА 21-34 (12-17)



Македонија денеска за прв пат на мундијалот беше целосно надиграна, а заслугата за таквиот еполог оди на сметка на Германија. 
Беше за очекување дека во Македонија ќе дојде до пад по емоционалното, физичкото и празнење од секаков тип на натпреварот со Исланд по кој не пројдовме во 1/4 финалето. А и средба со поинаква реалност имавме на овој натпревар, далеку од таа розевата со која гледавме во пресрет на дуелите со Шведска и Исланд. 

Германија беше целосно доминантна, поведоа со 8-3, на полувреме имаше водоство од 17-12, а колку се физички и ментално посилни покажаа во вториот дел по кој мечот заврши 34-21. 

Следен меч за Македонија е дуелот со Хрватска, утре за пласман на 11/12 место. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk