Португалците „извадија“ уште еден Кошта

Деновиве активни на ракометната сцена се и кадетите кои играат на М18 ЕХФ Еуро што се одржува во Црна Гора. 
Португалија е одново за нас во фокусот. Нивната политика очигледно не се заснова на бркање медали по секоја цена, па така во нивниот тим, иако според возраста има право да игра го нема светскиот супер талент број 1 - Франциско Кико Кошта. Но... имаат друг Кошта кој ја тероризира Европа. 


Браќата Франциско и Мартим Кошта веќе се ракометари со зучно име во ракометниот свет иако немаат полни 18 односно 20 години. 
Во тек е М18 ЕХФ Еуро на кое Португалија по две кола има две победи пред денешниот меч со Хрватска. Франциско Кошта не е во составот на Португалија, иако има право да игра за оваа генерација. 

Но, Португалија има нов супер талент што се вика Кошта. Не е во роднинска врска со Мартим и Франциско, во случајов се работи за Васко Кошта.
Васко Кошта на двата меча досега даде вкупно 10 гола. Три постигна против Црна Гора и седум против Италија. Висок е 195 см и игра на позиција централен бек или лев бек. 

Интересен факт за Васко Кошта е што тој стана најмладиот играч што заиграл во најсилната португалска лига. Тренерот Матијас Андерсон го пушти да дебитира за Порто кога имаше само 14 години и 10 месеци. 
Порто многу верува и многу очекува од овој играч, па затоа потпиша договор со него до 2027 година. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk