Македонци ќе судат 1/4 финале на СП

Мундијалот во Македонија се ближи кон финишот каде што секоја средба има поголемо значење, а од судиски агол секоја одлука има поголема важност. 
ИХФ ги одреди арбитрите за денешните натпревари, а еден од најважните мечеви ќе го суди македонска двојка. 



Македонската судиска двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ја добија сериозната задача да ја делат правдата на 1/4 финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Шведска и Кореја. 
Натпревар што ќе биде тежок за судење и вистински предизвик, првенствено затоа што Кореја игра исклучително брзо и ќе им биде потребна максимална концентрација да ги „фатат“ на дело сите чекори, ситни фаули и пробивања. Натпревари со ваков ритам и игра се реткост во Европа, да не одиме предалеку и да кажеме и дека воопшто ги нема. 
Во секој случај многу одговорна задача, за која веруваме дека се кадарни да ја исполнат за висока оценка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk