Јан Питлик го замени Динар на селекторското место

Еден од најсигурните начини да ја прекинете пензијата е да добиете повик од Блискиот Исток. Особено од Саудиска Арабија. 



Јан Питлик ја прекина ракометната пензија и потпиша едногодишен договор за водење на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Данскиот тренер кој своевремено работеше и во ЖРК Вардар, таму доаѓа на местото на Французинот Дидие Динар. Покрај Динар таму работеше и Александар Царчев со кого Питлик се знае од деновите минати во Скопје.

Јан Питлик беше долго време селектор на Данска, а тоа подразбира дека неговите услуги не се ефтини. Прилично разбирливо е што не ја откри сумата за која ќе работи на Блискиот Исток, но даде прилично јасна смерница. 
- Дали некогаш си заработил повеќе пари?, праша данскиот новинар. 
- Не, никогаш, изјави Питлик.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk