Алкалоид ќе игра на „Трофеј Нови Београд“

Новиот македонски суперлигаш во предвечерјето на новата сезона ќе гостува во Србија, каде што ќе учествува на традиционален меѓународен турнир, 


РК Алкалоид денеска го одработи четвртиот ден од подготовките што се реализираат на Маврово. Тимот на тренери таму работи на физичката спремност на играчите, а откако ќе заврши оваа фаза, планирано е учество на два турнира. 
Првиот е струшкиот турнир што ќе се игра од 16 до 20 август и каде е во група со Вардар, Целје Пивоварна Лашко и Бутел Скопје плус меч за пласман, а потоа од 25 до 28 август четири дена ќе учествува на традиционален меѓународен турнир во Србија. 

Алаклоид ќе биде дел од „Трофеј Нови Београд“ што ќе се игра во СЦ Вождовац на Бањица, а годинава ќе учествуваат екипите на Партизан, Динамо Панчево и израелскиот клуб Хапоел Ашдод. 

Во првото коло на 25 август Алкалоид ќе игра со екипата на Хапоел, следниот ден ќе се сретне со екипата на Динамо Панчево, а на 28 август, на последниот ден од турнирот ќе игра со Партизан. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk